Објавена лингвистичката студија „Секундарната предикација во македонскиот јазик: синтакса, семантика и информациска структура“

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје го објави лингвистичкиот труд „Секундарната предикација во македонскиот јазик: синтакса, семантика и информациска структура“ од Бојан Петревски.

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје го објави лингвистичкиот труд „Секундарната предикација во македонскиот јазик: синтакса, семантика и информациска структура“ од Бојан Петревски.

Во студијата, како што соопштуваат од издавачката куќа, се опишуваат секундарните предикати во македонскиот јазик врз основа на критериуми што авторот ги утврдува тргнувајќи и од граматички описи на други јазици и од повеќе автори. Притоа, се покажува дека синтаксичките карактеристики на тие конструкции во македонскиот јазик се во тесна врска не само со значењата што ги изразуваат туку и со информацискоструктурниот аспект, т. е. со поделбата на исказот на единици што изнесуваат нови или познати информации.

Бојан Петревски е доцент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и автор на повеќе лингвистички трудови. Работел и како лектор по македонски јазик на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (Иналко) во Париз, Франција, наведуваат од издавачката куќа.