Објавена видео-снимка од осомничениот за убиството на Кирк

Одделот за јавна безбедност (ДПС) на Јута објави видео-снимка на која е осомничениот за убиството на американскиот десничарски активист Чарли Кирк

Одделот за јавна безбедност (ДПС) на Јута објави видео-снимка на која е осомничениот за убиството на американскиот десничарски активист Чарли Кирк.

На снимката се гледа како осомничениот трча преку кровот на школска зграда и потоа влегува во шума, каде подоцна е пронајдена пушката со која е убиен Кирк.

Осомничениот на кровот остава отпечаток од дланката, кој би можел да содржи ДНК, а остава и отпечаток од патиките.

Бо Мејсон од ДПС изјави дека полицијата не знае дали осомничениот сè уште е во Јута или преминал во друга американска сојузна држава.

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера објави фотографии од осомничениот за убиството и побара помош од граѓаните за идентификување на напаѓачот. Додека Канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити отвори телефонска линија на која граѓаните можат да се јават доколку имаат информации.

ФБИ нуди награда од 100.000 долари за информации што ќе доведат до идентификација и апсење на сторителот.