О`Брајан: САД се сојузник и пријател на С. Македонија, ќе работиме на реформи за постигање евроатлантска интеграција

Џејмс О`Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на С. Македонија – Гордана Силјановска Давкова, во соопштение на социјалната мрежа X.

– Честитки до Гордана Силјановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција – напиша О`Брајан.

Силјановска Давкова победи во вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај.

Истовремено, на парламентарните избори партијата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места во 120-члениот парламент

Победата претходно ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје – Ангела Агелер.