Обложувалници и Евровизија: Србија меѓу фаворитите, Македонија на дното!

Претставничката на соседна Србија за Евровизија е на шестото место меѓу фаворитите на втората полуфинална вечер на најголемото музичко натпреварување во Европа – Евровизија.

Ана Ѓуриќ Констракта го зазема високото 15. место на обложувалниците, од вкупно 40 учесници, а според гласовите од публиката, Констракта го зазеде високото 4. место.

Врз основа на гласањето подобар резултат од Констракта може да очекуваат претставниците на Италија која е на првото место, Шведска која го зазеде второто место и Шпанија која е третопласирана.

Според обложувалниците, претставничката на Македонија – Андреа, со песната „Кругови“ се наоѓа на 38. место од вкупно 40 натпреварувачи.

Зад нашата претставничка се само Словенија и Романија.