Облачно време со услови за дожд

Од утрово на повеќе места во земјава е облачно и поремено врнежливо. Според прогнозата на УХМР, нѐ очекува променливо време, со сончеви периоди претпладно, но и облачно, наместа и нестабилно време со можности за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот = 6. Слично време се очекува во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури утрово на места се спуштија до 12 степен, а во југоисточните делови од Македонија до 19-от степен. Максималните температури на југоистокот ќе достигнат до 32 степени, во Скопје до 29 степени.

Викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град