Обилен снег во Грција предизвика хаос – училиштата затворени

Силниот поларни бран што ја зафати Грција предизвика целосен сообраќаен прекин на дел од најголемите грчки острови. Според последните информации, состојбата е најкритична на Крит, Лимнос и Лезбос, каде обилните врнежи од снег буквално ги парализираа патиштата.

Силниот поларни бран што ја зафати Грција предизвика целосен сообраќаен прекин на дел од најголемите грчки острови. Според последните информации, состојбата е најкритична на Крит, Лимнос и Лезбос, каде обилните врнежи од снег буквално ги парализираа патиштата.

Локалните власти воведоа целосна забрана за движење на возила без зимска опрема, а на многу места сообраќајот е во тотален прекин поради огромните наноси.

Ниту Халкидики не беше поштеден – снежната покривка ги изненади туристите и локалното население, а северните ветрови кои дуваат со голема засиленост дополнително ја отежнуваат работата на комуналните служби кои се обидуваат да ги оспособат главните патни правци.

Поради екстремните временски услови и обилниот снег, грчките министерства донесоа одлука за итно затворање на училиштата во повеќе региони на земјата. Наставата во многу области, вклучително и на островите во Егејското Море и делови од полуостровот Халкидики, е откажана за физичко присуство.

Затворени училишта: Крит, Лимнос, Лезбос, Хиос, Спорадите и Евбеја.

Таму каде што дозволуваат условите и нема прекини во снабдувањето со електрична енергија, учениците се префрлени на настава од далечина.

Властите апелираат граѓаните да не излегуваат без итна потреба, бидејќи температурите во текот на ноќта се очекува дополнително да паднат под нулата.
Студениот бран, кој се очекува да трае до среда, ги мобилизираше сите расположливи сили на цивилната заштита, додека жителите на островите се соочуваат со несекојдневна глетка на снег на самите плажи.