Обид за убиство во Марино: Го удрил брата си со ногарка по глава и легнал да спие

Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.

На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело.

Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.

Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.

Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.