Обезноста во клучните ризик фактори за предвремена смртност, Здружението ОБЕМ почнува со едукативна кампања

Научното здружение за обезност ОБЕМ почнува едукативна кампања под мотото „Круг на поддршка - за тежината да стане полесна“. Кампањата почнува по повод Светскиот ден на дебелината.

Научното здружение за обезност ОБЕМ почнува едукативна кампања под мотото „Круг на поддршка – за тежината да стане полесна“, по повод Светскиот ден на дебелината.

Здружението укажува дека состојбата со прекумерната тежина и со обезноста во земјава е алармантна и оти се вбројуваме во категоријата земји со високи стапки на предвремена смртност од незаразни болести, каде што обезноста е еден од клучните ризик-фактори.

По настанот најавено е обраќање на претседателот на здружениео ОБЕМ Ирфан Ахмети, министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава Аким Али.