„Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците“ се вели меѓудругото во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни еВвладата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска. СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени.
Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите.
Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери“ соопштуваат од партијата.