Обвинител во Бугарија бара протерување на првиот секретар на руската амбасада во Софија

Иван Гешев – главниот обвинител на Бугарија ја информирал министерката за надворешни работи – Теодора Генчовска за нерегулирани разузнавачки активности, најверојатно во корист на Руската Федерација на дипломат кој со имунитет работи во Бугарија.

Во текот на истрагата било утврдено дека лице кое ужива дипломатски имунитет се занимава со нерегулирано собирање информации од национално значење.

Според Гешев, тој е акредитиран како „прв секретар“ во руската амбасада во Софија. Обвинителот вели дека ова е кршење на Виенската конвенција со која се регулираат активностите на странските дипломати во земјата каде што работат и им се забранува да се занимаваат со шпионажа, па барал протерување на дипломатот.