Случајот „Талир 2“, за кој првостепено беа осудени екс премиер во бегство Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски за изградбата на седиштето на политичката партија ВРМО-ДПМНЕ во Скопје, најверојатно ќе биде вратен од почеток.
Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик.
Адвокатот на одбраната Еленко Миланов, по апелационата седница, во изјава за медиумите посочи дека апсолутна застареност со измените на КЗ настапила во јануари годинава, но и дека сега делото залоупотреба на службената положба и овластување го нема во измените.