
Обвинителството предлага мерка притвор за десет лица, од кои најголемиот дел се од Министерството за економија.
Според нашите информации во моментов на распит е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, за кого обвинителот Коцевски рече дека ќе предложи мерка притвор од 30 дена.
Претходно министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека се приведени поранешниот државен секретар на министерството Размена Чекиќ Дуровиќ и раководител на сектор од Министерството за економија.
Инаку, Коцевски ги објави резултатите од досегашната истрага соопштувајќи дека објектот немал ништо што предвидува законот- немал хидранти, немал резервна врата за евакуација (односно имал, но заклучена со катанец и без брава), незаконски се изведувала пиротехника, имале дозвола за лесна индустрија а не за угостителски објект – и многу други кривични дела.