
Обвинителството смета дека на Папазов не треба да му биде укинат куќниот притвор
„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со мерки за претпазливост“, рече обвинителот Борче Јанев на денешното рочиште.
„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со мерки за претпазливост“, рече обвинителот Борче Јанев на денешното рочиште.
Јавното обвинителство смета дека на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, не треба да му биде заменет куќниот притвор со мерки за претпазливост, како што пред неколку рочишта побара неговата одбрана.
Имено, на почетокот на денешното рочиште, судијката Диана Груевска-Илиевска побара од Обвинителството да се произнесе по барањето на Папазов, изјавено преку неговиот бранител, адвокатот Миле Лефков.
„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со мерки за претпазливост. Затоа Обвинителството смета дека треба да се одбие барањето за замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост”рече обвинителот Борче Јанев.
Судијката Груевска-Илиевска рече дека по однос на барањето, Судот ќе се произнесе на наредното рочиште.
Инаку, Папазов со полициска придружба денеска беше спроведен во судницата во „Идризово“ за денешното рочиште. Тој беше градоначалникот во чиј мандат се случи пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.