Обвинителството предлага Бектеши и Чекиќ Дуровиќ да се префрлат во куќен притвор

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани, во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, се додава во информацијата, ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот.

До Основниот суд Кочани од страна на Обвинителството доставен е предлог за замена на затворскиот притвор со куќен за ексминистерот за економија Крешник Бектеши, како и за поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ.

„Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот“, се вели во денешната информација што ја доставија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор.

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани, во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, се додава во информацијата, ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот.

Распитите на осомничените и на други лица, додаваат од Обвинителството, се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. „Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди“, велат од Обвинителството.

Апелацискиот суд во Штип, на 29 април информираше за дел од одлуките по жалбите на осомничените во истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени.