Обвинителството објави најголема заплена во историјата на српската полиција: ВРЕДНОСТА НА ДРОГАТА Е 50 МИЛИОНИ ЕВРА!

По неколкумесечна интензивна работа на Јавното обвинителство за организиран криминал и Службата за борба против дрога, во случај кој барал сложено постапување и координирано дејствување од страна на полицијата и обвинителството во реонот на селото Коњух кај Крушевац, запленети се пет тони опојна дрога марихуана, соопшти Обвинителството за организиран криминал.

Покрај наркотичните дроги, пронајдено е и огнено оружје – најмалку четири автоматски пушки и еден пиштол, како и пари во износ од над 1.500.000 динари.
Две лица, Р.С. и Н.С. (татко и син), биле уапсени на лице место, додека на друга адреса, И.Д. бил лишен од слобода, како член на организирана криминална група.

Оваа организирана криминална група ја складирала наркотичната дрога марихуана во просториите на трговското друштво „Флораком“ д.о.о., од каде што понатаму ја дистрибуирала на територијата на градот Белград за продажба.

Се проценува дека вредноста на конфискуваната дрога на уличниот пазар е околу 50 милиони евра. Во магацинот се пронајдени ваги, вакуум машини и кеси. Претресите сè уште се во тек.
Осомничените, по полициското притворање, ќе бидат однесени во Јавното обвинителство за организиран криминал, по што ќе бидат сослушани.