Обвинителството на БиХ побара притвор за уапсениот министер Ненад Нешиќ

Обвинителството на Босна и Херцеговина по распитот на осомничените, во законскиот рок до Судот на Босна и Херцеговина достави предлог за определување мерки притвор за тројца осомничени, меѓу кои и првоосомничениот во случајот Ненад Нешиќ.

Во Судот на Босна и Херцеговина се одржува рочиште за определување притвор за случајот на уапсениот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.

Обвинителството на Босна и Херцеговина по распитот на осомничените, во законскиот рок до Судот на Босна и Херцеговина достави предлог за определување мерки притвор за тројца осомничени, меѓу кои и првоосомничениот во случајот Ненад Нешиќ.

Покрај Нешиќ, уапсени се и Младен Лучиќ, сопственик на компанијата Легенда, директор на ЈП Путеви РС Милан Дакиќ, генералниот директор на Романијапутев Мирко Пандуревиќ, управители на ЈП Путеви РС, поточно извршниот директор за економски и финансиски прашања Срѓан Мијатовиќ. операцијата Тунел 2 и Цвијетин Миливојевиќ и Младен Чајиќ.