Јавното обвинителство нареди обдукција на телата на починатите во сообраќајката на патот Прилеп – Битола, како и испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.
Увид на местото на несреќата правеше јавен обвинител. Од Јавното обвинителство соопштија дека сѐ уште не се познати причините за несреќата.
Тешката сообраќајна несреќа во која загинаа трите медицински лица се случила 15-тина минути пред 8 часот изутрината при директен судир на патничкото возило „Тојота“ со прилепски регистерски таблички во кој беа трите медицински лица и товарен камион со скопски регистерски таблички на магистралниот пат Прилеп – Битола на излезот од градот кај селото Лагово.
Двајца врвни лекари и рендген техничар загинаа утрово во сообраќајката кај Прилеп
При силниот удар избил пожар кој прилепската противпожарна единица го гаснеше со пет возила и 12 пожарникари. Во несреќата беше повреден возачот на камионот, кој беше префрлен во општата болница во Прилеп.
Со сочувство за семејствата и тага поради загубените животи и врвни стручњаци, на својата фејсбук страница се огласи болницата „Плодност“ од Битола каде работеа загинатите.
Од болницата „Плодност“ се простуваат со своите загинати колеги