Обвинителството за организиран криминал отвори предмет за купопродажбата на ТЦ Соравија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека веќе отворило истрагата за продажбата на трговскиот центар Соривиа, објави Алсат.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет по допрен глас за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.), пренесува Алсат.

Со ова обвинителство раководи јавниот обвинител Ислам Абази кој важи за близок пријател со членови на ДУИ и семејството на Али Ахмети.

Денеска пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повика Владата на Ковачевски и институциите во врска со спорната продажба на дел од акциите на ТЦ Соравија на внукот на Ахмети, Дрин кој без платен денар, се стекнал со сопственост на 39 отсто од акциите во Соравија.