Обвинителството ги проверува обвинувањата на Жан Митрев дека Заев и Филипче го принудувале да им ја продаде болницата

Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари.

Скопското обвинителство информира дека ги проверува наводите што докторот Жан Митрев ги кажа наодамна, односно дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.

Предметот кој го води скопското обвинителство е оформен по допрен глас на 21 јануари.

-Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, информираат од Обвинителството.

Лидерот на СДСМ, Филипче ги отфрли ваквите наводи како неосновани и јавно го повика Жан Митрев да го пријави случајот.