Обвинителите Хајрулаху и Цветановски одат на дисциплинска

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство.

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство.

-Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги разгледа записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и службените белешки во прилог, и врз основа на наодите за констатираните состојби одлучи до Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители да достави предлог за поведување дисциплинска постапка против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Иницирањето на дисциплинската постапка е уште една потврда за посветеноста на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија да овозможи ефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела и да побара одговорност од јавните обвинители кои неоправдано ги одолговлекувале постапките или неоправдано се откажувале од кривично гонење.

Дополнителен чекор во оваа насока е и јакнењето на транспарентноста на Јавното обвинителство особено во постапките кои се однесуваат на кривични дела против корупцијата и се од особен јавен интерес. Со таа цел Јавното обвинителство веќе закажа брифинг за новинари на 11.12.2024 година на кој ќе присуствуваат сите јавни обвинители кои имаат во работа предмети од интерес на јавноста и на кој претставниците на медиумите ќе имаат можност директно да добијат информации од надлежните јавни обвинители за нивното постапување по конкретни предмети.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија продолжува, во соработка со сите чинители и со поддршка од меѓународните партнери, да работи на зајакнување на сите капацитети на Јавното обвинителство во борбата против корупцијата, информираат од Обвинителството.