Обвинетата полицајка во случајот Сулејмановиќ се враќа во Градачац, адвокатот бара нејзина 24-часовна заштита

Полицајката Џенана Селимовиќ, за која јавноста тврди дека му дала информации на повеќекратниот убиец Нермин Сулејмановиќ за неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ , од Италија се враќа во Градачац.

Според медиумите таа и нејзиниот адвокат изјавиле дека не само дека не го открила скривалиштето на Низама, туку и дека немала никаква врска, особено не романтична, со Нермин Сулејмановиќ.

„Она што можам да ви го кажам е дека мојата клиентка Џенана немала никаков контакт со лицето кое ги извршило овие тешки кривични дела, ниту пак знаела каде се наоѓа лицето кое беше брутално убиено во овој настан. Истражните органи на кантонот Тузла, во соработка со обвинителството, водат истрага против Џенана, но знаеме дека нема индиции дека таа имала некаква поврзаност со убиецот. Таа е полицаец во Градачац, местото е мало и сите се познаваат со секого, па се знае дека е примерен службеник против кој никогаш не е покрената дисциплинска постапка. Тврдиме дека никому не дала никакви информации за жртвата, ниту пак била распоредена на работно место каде што би имала пристап до такви информации“, изјавил за „Јутарњи“ нејзиниот адвокат

Тој најави и дека ќе бара 24-часовна заштита за неа бидејќи нејзиниот живот е во опасност.

„И медиумите ја линчуваат без причина. Сето ова е неосновано сè додека нема барем индикативен доказ дека таа воопшто имала контакт со Сулејмановиќ. Велат и дека побегнала во Италија, но е на годишен одмор и на 16 август редовно ќе се јавува во полициската станица Градачац и ќе продолжи со своите обврски редовно. Доколку се утврди дека Џенана немала никаква врска со убиецот, ќе покренеме низа тужби во нејзин интерес“, најавил адвокатот.