Обвиненијата за сексуално вознемирување го чинеа брак: „Таа мораше да ја заштити својата репутација“
Откако вчера започнаа шпекулациите дека Саша Барон Коен и Исла Фишер се разделуваат по речиси 14 години брак, парот денеска на социјалните мрежи потврди се.
„По долг тениски меч кој траеше повеќе од 20 години, конечно ги оставаме рекетите. Во 2023 година заедно поднесовме барање за развод. Секогаш сме давале приоритет на нашата приватност и тивко работевме на оваа промена. Засекогаш ја споделуваме нашата посветеност и љубов кон нашите деца. Искрено цениме што ја почитувате желбата на нашето семејство за приватност“, напиша актерот на својот Инстаграм профил.
Главна тема набрзо станала вистинската причина за разводот, кој наводно се крие во тврдењата на актерката Ребел Вилсон. Имено, таа во своите мемоари ‘Rebel Rising’ го обвини за сексуално вознемирување на снимањето на филмот ‘The Brothers Grimsby’.
„Исла почна да се срами од се. Наводите во книгата беа катализатор за одлуката да го прекине бракот затоа што таа мораше да ги заштити сопствената кариера и угледот“, изјави извор близок на парот за The Sun.
Изворите тврдат дека одлуката не била нималку лесна за парот бидејќи меѓу нив има уште многу љубов и тие остануваат во блиска врска. Сепак, Исла Фишер не можела да ги надмине обвинувањата и разводот бил единствената опција за неа.
„Саша беше против разводот. Иако долго време имале потешкотии, тој верувал дека ќе најде начин да го спаси бракот. Напорно се трудеа да ги сокријат проблемите што ги имаа и на социјалните мрежи до самиот крај оставаа впечаток дека се е во ред и на тој начин си обезбедија душевен мир да го поминат овој тежок период“, открил изворот.
Двојката се вери во 2004 година, а како подготовка за венчавката, Исла го прифати јудаизмот, религијата на Коен, на почетокот на 2007 година. Тие се венчаа на интимна церемонија во Париз на 15 март 2010 година.
Тие имаат две ќерки, Олив (15) и Елула (13) и 8-годишниот син Монтгомери и го одгледуваат своето семејство меѓу Сиднеј, Лондон и Лос Анџелес.