Обвинение за лице што му се заканувало на гостиварски судија

Со обвинителниот предлог, како што дополнуваат, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против едно лице што се заканило дека ќе нападне врз животот или телото на судија во гостиварскиот Основен суд.

Како што соопштуваат од Обвинителството, лицето се товари за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, стои во описот на настанот, на 29 април, во селото Вруток, се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите, како што додаваат од Обвинителството, биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања.

„Обвинетиот влегол во дворот на семејната куќа на судијата, го прашал дали го познава и директно почнал да му се заканува споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон, си заминал“, стои во соопштението од Обвинителството.

Со обвинителниот предлог, како што дополнуваат, надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.