
Обвинение за возачот што го „прегази“ Јорго Ќука
Како што информираат од Обвинителството, на обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, за сообраќајката што се случи на почетокот на ноември минатата година пред мостот „Гоце Делчев“ кога беше прегазен екс генералниот менаџер на „Охис“ Јорго Ќука, кој од последиците на ударот загина на самото место.
Како што информираат од Обвинителството, на обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место на несреќата.
За ова кривично дело на сторителот му се заканува затворска казна од најмалку четири години, бидејќи настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот, велат од Обвинителството.