„Претседателот на Русија, Владимир Путин постапува на нов непромислен начин во врска со инвазијата на Украина“, изјави поранешниот американски претседател – Барак Обама во интервјуто емитувано денеска на „Ен-Би-Си“.
„Путин отсекогаш бил безмилосен кон својот народ, како и кон другите. Тој отсекогаш бил некој кој е завиткан во извртено, искривено чувство на неправичност и етнички национализам“ – рече Обама.
Екс-американскиот претседател смета дека „она што го гледаме со инвазијата на Украина е дека тој е невнимателен на начин што можеби не го очекувавте пред 8, 10 години, но опасноста секогаш беше тука“.
Обама одби директно да одговори на прашањето дали, во ретроспектива, би постапил поинаку додека бил на функцијата, вклучително и кога Русија го анектираше Крим во 2014 година.