Топланите во Скопје треба да продолжат да употребуваат гас, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуреднин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Тие законски можат да употребуваат мазут само ако им се случи хаварија и немаат пристап до гас, додава тој. Нуредини вели дека изградбата на скопскиот гасовод е клучно за проблемот со загадениот воздух.
На топланите Скопје – Исток и Скопје – Запад, во дозволата им пишува дека може да употребат мазут за 10 дена ако имаат хаварија и немаат пристап до гас. Додека ние имаме пристап до гас, ќе продолжиме да употребуваме гас, вели Нуредини.
„Ние како партија, идејата секогаш била да зборуваме за зелената агенда, но не само ние како партија, туку и целата Влада и целата држава. Големо задоволство ми е што сите почнаа и на локални избори да зборуваат за чиста околина, тоа значи дека сме направиме некоја промена во државата, сите сега сме посвесни и сите тие кандидати на локалните избори зборуваа за чиста околина, вода за пиење и канализација и за собирање на отпад“ вели министерот.