НУНС: „Република“, „Курир“, „Блиц“, „Ало“, „Телеграф“ и „Мондо“ веднаш да ги избришат снимките од погребот во Кочани
Независното здружение на новинарите на Србија (Nezavisno udruženje novinara Srbije – NUNS) ги повика српските медиуми кои известуваат за погребот на жртвите во трагедијата во Северна Македонија веднаш да ги избришат фотографиите и да ги приспособат вестите според етичките и професионалните стандарди.

НУНС смета дека денешното известување на повеќе српски медиуми кои објавија шокантни и вознемирувачки фотографии е длабоко неморално и неприфатливо.
„Објавувањето фотографии и видеа од гробни места, од членовите на потесното семејство и приватни моменти е директно кршење на препораките за етичко известување и повреда на достоинството на засегнатите поединци“, велат од Независното здружение на новинарите на Србија.
Од таму напомнуваат дека Кодексот на новинарите на Србија експлицитно забранува известување за погреби на приватни лица и дека новинарите се обврзани да ги почитуваат приватноста, достоинството и интегритетот на луѓето и да ги заштитат нивните права.
„Известувањето за погреби и објавувањето фотографии не е од јавен интерес“, велат од НУНС.
НУНС го повика српското Министерство за информации и телекомуникации да реагира на известувањето на порталите „Република“, „Курир“, „Блиц“, „Ало“, „Телеграф“ и „Мондо“.
Претходно, и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги повика медиумите да известуваат согласно претходно утврдениот протокол и основните етички принципи.