Ноќе не можам да спијам, не можам само да притиснам копче и да кажам утре ќе има мир, вели Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц тврди дека деноноќно размислува за начините за решавање на конфликтот во Украина. Ова го изјави при разговор со граѓани во германиот град Бремен.

– Искрено, ова е прашање за кое размислувам дење и ноќе, бидејќи не можам да притиснам копче и да кажам дека утре ќе има мир – рече тој.

– И некако е неопходно да се дојде до мирна перспектива – продолжи Шолц.

Во таа насока, тој потсети на состаноците одржани за Украина, вклучително и во Швајцарија, и плановите за следната конференција, на која Русија би можела да учествува.

Според него, на Киев треба да му се помогне и во исто време да не се заборави потребата да се постигне долгорочен мир.