Ношпал: Ерата на навистина големи модни дизајнери заврши

На тема моден свет, во најновото издание на Трилинг разговараме со добро познатиот моден креатор и костимограф, Александар Ношпал.

,,Модата комплетно се промени кога големите корпорации ги заземаа, почнаа да ги купуваат дизајнерските куќи, дизајнерите едноставно станаа крпи за бришење, заврши ерата на навистина големи модни дизајнери’’ – вели Ношпал.

,,Преку костимографијата, посебно преку балетската костимографија сфатив што значи техничката подготвеност и знаењето да го имате во технолошко техничкиот дел на костимот и облеката, кој што за мене беше предизвик од почетокот и второ бидејќи како што велам, говорот изразувањето на емоциите во театарот, во областа на балетот, е движењето на телото” – истакна Ношпал.

,,Неколку пати си замислувам дека можеби треба да направам нешто но секогаш постојат дилемите дали треба да означува почеток на нешто или треба да го означам крајот и тоа да го направам како една јубилејна манифестација каде тука ќе го доживее својот почеток средина и крај” –  вели тој.