
Нормализиран воздушниот сообраќај во Грција, обвинителството нареди итна прелиминарна истрага
Итна прелиминарна истрага за вчерашниот прекин на воздушниот сообраќа во Грција наредил раководителот на Основното јавно обвинителство Аристидис Кореас, а од утрово веќе е нормализиран авиосообраќајот на сите грчки аеродроми, јави дописничката на МИА од Атина.
Итна прелиминарна истрага за вчерашниот прекин на воздушниот сообраќа во Грција наредил раководителот на Основното јавно обвинителство Аристидис Кореас, а од утрово веќе е нормализиран авиосообраќајот на сите грчки аеродроми, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што објавија грчките медиуми, прелиминарната истрага ќе ја води Одделот за електронски криминал, со цел да се испита дали е извршено кривичното дело опасно попречување на воздушниот сообраќај, а доколку се потврди дека имало попречувања на речиси сите фреквенции на грчкиот воздушен простор, да се утврди нивното потекло.
Министерот за инфраструктура и транспорт на Грција Христос Димас, говорејќи утрово за грчката телевизија ЕРТ нагласи дека немало опасност за безбедноста на летовите и посочи дека набргу ќе бидат дадени одговори за причината, но и дека паралелно во тек е внатрешна дисциплинска истрага за утврдување одговорност со цел проблемот да не се повтори.
За неколкучасовниот целосен прекин во авиосообраќајот во Грција од Службата за цивилно воздухопловство вчера соопштија дека станало збор за „масовно попречување на фреквенциите во воздушниот простор“, што е „досега невиден случај и поради масовноста и поради географскиот опсег и временската упорност“, но и објаснија дека „шумот“ што бил забележан на фреквенциите имал форма на континуирано емитување.
Веднаш била свикан и тимот за управување со кризи, кој е во постојана координација и соработка со надворешни институции и со европска организација за координација на воздушниот сообраќај EUROCONTROL за оптимално управување со F.I.R. Атина.
Дополнително, била издадена наредба специјално опремени авион на службата итно да полета, со учество на инженери и специјален техничар за од воздух да се истражат попречувањата.
Во текот на вчерашниот ден, за безбедноста на летовите и постепено се нормализирање на воздушниот сообраќај првично се опслужуваа 35 полетување и слетувања на час, бројка што од 16 часот беше зголемена на 45 авиони на час, додека пак од утрово има минимални доцнења и ситуацијата е стабилизирана.