Норис победи на ГН на Австралија

Возачот на Мекларен Ландо Норис победи на трката од Формула 1 шампионатот возена утринава за Големата награда на Австралија.

Возачот на Мекларен Ландо Норис победи на трката од Формула 1 шампионатот возена утринава за Големата награда на Австралија.

Британецот трката во Мелбурн ја заврши за еден час 42 секунди и 6,3 десеттинки.

Макс Верстапен од Ред Бул беше на второто место со заостанување од 0,895 секунди. Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја заокружи првата тројка со заостанување од 8.481 секунди.

Во првите десет се пласираа и: Александер Албон од Вилијамс Кими Антонели од Мерцедес, Ленс Строл од Астон Мартин, Нико Хулкенберг од Заубер, Шарл Леклер од Ферари, Оскар Пјастри од Мекларен и Луис Хамилтон од Ферари.

Шест возачи не успеаја да завршат поради временските услови.

Втората етапа од Формула 1 2025 година ќе се одржи од 21 до 23 март на патеката во Шангај.