Норвешка прв четвртфиналист на ЕП за фудбалерки
Второто коло во групата А на Европското првенство за фудбалерки го донесе синоќа првиот четвртфиналист во репрезентацијата на Норвешка, додека домаќинот Швајцарија ги освои првите бодови во групната фаза.

Норвежанките го обезбедија пласманот во нокаут фазата со победа над Финска од 2-1, додека во вториот натпревар во групата А, Швајцарија го совлада Исланд со 2-0, остварувајќи ја својата прва победа.
Норвешка води на табелата со шест бодови, додека Финска и Швајцарија имаат по три и во меѓусебен дуел во последното коло на 10 јули ќе одлучуваат кој ќе продолжи во четвртфиналето.