Нов текст за уставните измени – Радев и Сиљановска не се разбрале околу одложената примена
Владата ќе изготвува целосно нов текст за нацрт-амандмани за уставните измени кога би се добиле гаранции за евроинтеграцијата. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека пропаѓа во вода текстот што минатата година го изготви експертска група на чело со поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска.
Владата ќе изготвува целосно нов текст за нацрт-амандмани за уставните измени кога би се добиле гаранции за евроинтеграцијата. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека пропаѓа во вода текстот што минатата година го изготви експертска група на чело со поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска.
Неофицијално, нацртот ќе претрпи промени во делот на одложената примена на измените. Токму поради одложената примена се заостри и реториката меѓу претседателите Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев. Двајцата излегоа со различни ставови за тоа што се зборувало на нивната последна средба.
„Па, бидејќи се коментира средба помеѓу двајца претседатели на држави, на којашто јас не сум бил таму, подобро одговорот во Кабинетите на двајцата претседатели на држави да го побарате.“, вели Христијан Мицкоски.
Во неодамнешно интервју претседателката кажа дека има консензус со премиерот Мицкоски за идејата за уставни измени со одложена примена и ставот му го пренела на бугарскиот колега Радев, додавајќи дека тој немал коментар. Но, Радев ја демантираше.
„Мислам дека е многу разумно, добронамерно решението за vacatio legis со одложно дејство. Немаше коментар, се разбира јас ја разбирам состојбата во Бугарија, неможнсота за формирање на Влада…“, вели Гордана Сиљановска Давкова.
„Госпоѓа Сиљановска, како добар правник, многу јасно знае дека преземените обврски од меѓународни договори и меѓународни спогодби едноставно треба да се исполнат и Бугарија е подготвена, јас јасно ја искажав нашата подготвеност, да помогнеме што побрзо да се остварат условите.“, вели Румен Радев.
Сиљановска, исто како и премиерот, истакна дека постои надеж до крајот на годинава да се деблокира евроинтегративниот процес.