Нов силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени денеска ја погоди Турција.

Според информаиците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 11 километри јужно од Малатија.

Земјотресот бил на длабочина од 5 километри и е од регионот на истото епицентрално подрачје каде беше и катастрофалниот земјотрес од 6 февруари, а во кој загинаа над 44.000 лица во Турција и Сирија.