Нов светски рекорд во фрлање ѓуле
Американскиот атлетичар Рајан Краузер го собори светскиот рекорд во фрлање ѓуле, кој сега изнесува 23,56 метри, на Гран-при средбата во Лос Анџелес оваа недела.
Двократниот олимписки шампион го собори светскиот рекорд кој досега изнесуваше 23,37 метри и беше во негова сопственост.
Овој резултат американскиот ѓулист го постигна пред две години на американските квалификации за Олимписките игри во Токио.
Краузер на средбата во Лос Анџелес уште двапати го фрли ѓулето преку 23 метри. Постигна резултати од 23,23 и 23,31 метри.
Almost hitting the wall lol
If it does how de we do ?@RCrouserThrows #LosAngeles #ContinentalTour pic.twitter.com/nJNXtn4EaN— PJ Vazel (@pjvazel) May 27, 2023