Нов сведок во Хаг – денеска продолжува судскиот процес против екс лидерите на ОВК

Пред Специјализираниот суд во Хаг, судењето на поранешните лидери на т.н. Ослободителната војска на Косово на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Сељими и Кадри Весељи, денеска во судница треба да се појави 49. сведок на обвинителството.

Планот е да се работи три дена оваа недела, а четири дена следната недела.

Во обвинението се наведува дека Тачи и неговите соработници биле дел од здружена криминална организација од март 1998 до септември 1999 година, обвинети се за заплашување, апсење, малтретирање, киднапирање, најмалку 102 убиства на Срби, Роми, „нелојални“ Албанци.

Судењето започна на 3 април минатата година, а тие се во притвор од ноември 2020 година.

Тие повеќепати поднесоа барање да се бранат од слобода, но судот не им го дозволи тоа.