Нов рекорд: Најсилниот шут во историјата на фудбалот е од тинејџер на Барселона

Tренерот на Барселона, Чави Ернандез сезонава им даде прилика на неколку млади играчи, а еден од оние кои најмногу се наметнува е Фермин Лопез.

Лопез ги искористи повредите на главните играчи и го покажа својот квалитет. Во натпреварот против Шахтјор вчера постигна гол и запиша асистенција, а беше прогласен и за играч на натпреварот.

Но, овој натпревар Лопез ќе го памети и по тоа што постави светски рекорд. При голот во 36. минута неговиот шут се движел со брзина од 230 километри на час што е најсилен шут во историјатан а фудбалот.