Нов закон за потрошувачи, нечесните трговци ќе наидат на високи парични казни
Со новиот закон продавачите не можат како претходно да прават продажни поттикнувања преку акции и распродажби.
Високи парични казни за нечесните трговци, поголема заштита за потрошувачите новиот закон ги стегна механизмите за казнување. Од Организацијата на потрошувачи очекуваат да се зголеми и надзорот на пазарот од страна на инспекторите. Граѓаните сè уште мета на измами од страна на трговците, но најчести се онлајн измамите.
За нечесната трговска практика новиот закон носи поголеми казни.
Со новиот закон не само што се зајакнуваат механизмите за поголема заштита на купувачите, туку исто така се зголемени и глобите за имами од страна на трговците и надзорот на пазарот од страна на инспекторите.
Едно нарачуваат друго добиваат. Онлајн трговијата е најлесен начин за манипулација и измами врз потрошувачите.
При купување онлајн, доколку трговецот не достави фискална сметка или фактура, потрошувачите воопшто да не го подигаат производот или да го вратат веднаш при преземањето, советуваат од Организацијата на потрошувачи.