Ново сведоштво од Онкологија: Јас лично и давав пари на докторката!

Бројни сведоштва поврзани со Онкологија излегуваат на површина од пациенти кои се мачеле или се мачат да стигнат до терапија и до прием на клиниката.

На Фејсбук групите пишува дека ќерка давала мито на докторката на Онкологија која била задолжена за водење на нејзината мајка.

Таа раскажува дека сите кои ја посетуваат клиниката даваат мито, било да е тоа во пари или во разни подароци.

– Јас лично на докторка ѝ дадов 250 евра мито, за да ја гледа мајка ми подобро на Клиниката за онкологија. Никогаш не ме одби. И сите што чекаат некаков ред таму, нешто даваат. Доаѓаш во канцеларија и даваш. Најнормално. Докторке еве да се почастите. Педесет, сто евра ѝ имам дадено во замена да ми ја гледа мајка ми, да ѝ препише терапија, зашто мајка ми секогаш ми велеше ‘се утепа давајќи пари, а јас сепак ќе умрам‘. Секоја втора, трета контрола кога ќе ѝ паднеше на мајка ми крвта, давав пари. На докторите им носат канти сирење, скапи подароци и скапоцен накит. Јас не ги давав обележани парите, бев на голема мака. Мајка ми ми беше се во животот – стои во објавата.

Нејзината објава предизвика лавина реакции, од кои дел ја осудија за давањето мито и порачаа дека така се прави штета на оние кои немаат пари.