Ново на skopjebus.mk: Надополни картичка онлајн – брзо и лесно

ЈСП „Скопје“, попладнево ја промовира новата функција ја надополнување картичка за возење со градските автобуски, која всушност функционира веќе неколку месеци. За да ја користите ви треба само мобилен телефон – картичка воопшто не е потребна!

Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства)
директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без
одење до продажно место.

Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од
далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом.

Што добивате со новата функционалност?

– Онлајн надополнување со билети и/или средства
– Брза постапка во неколку едноставни чекори
– Нема редици и нема потреба од физичко присуство
– Достапно од телефон или компјутер
– Удобно решение за планирање на патувањата однапред

Како да надополните картичка?

* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за картичката
* Одберете дали сакате билети или износ (средства)
* Потврдете и завршете ја постапката

Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load