Новороденче спасено од под урнатините во Мароко

И додека во Мароко по разорниот земјотрес се бројат жртви, а последните податоци говорат дека досега има над 1.030 загинати, на социјалните мрежи се споделуваат снимки од спасувачки акции.

Бебе е извадено од под урнатините. Новороденчето е живо, благодарение на присебната спасувачката акција.

Бебето е веднаш пренесено во болница.

На друга снимка се гледа како дете е заглавено под урнатините.

Над видео објавата пишува:„Детето останува живо, заробено под урнатините. Само Алах одлучува кој ќе живее или ќе умре“.

Синоќа во Мароко беше регистриран земјотрес со интензитет од 6.8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Ал Хоуз, југозападно од Маракеш, популарна дестинација за странските туристи.

Околу 1.204 други се повредени, од кои 721 луѓе се во тешка здравствена состојба.