Нови 494 заразени со Ковид 19 – бројот на активни случаи се искачи на 2.309

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи на КОВИД-19: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8…

Од вкупниот број на позитивни (494), регистрирани се 105 реинфекции.

Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 159, Куманово – 22, Битола -19, Кавадарци – 11…

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата бројот на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.309.