Нови 476 заразени со Ковид 19 – починати се 17 пациенти

Министерството за здравство информира дека од направени 2.781 тестови регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13…

Регистриран сe 524 оздравени пациенти од: Скопје – 318, Кавадарци – 28, Велес – 23, Куманово и Струмица – по 22, Тетово – 18..

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г.

Досега во земјата се починати 9.027 лица, а бројот на активни случаи изнесува 3.431.