Нови 300 инфицирани со Ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Битола – 19, Охрид – 16…

Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 197 оздравени пациенти од: Скопје – 129, Битола – 16, Кавадарци – 10, Прилеп и Куманово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 4…

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови.

Досега во земјата бројот на на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813