За Анџело Ѓоргиевски – првоосомничениот за убиство на ракометарот Денис Тот ќе се побара продолжување на притворот, како и за Клементина Левковска, односно Андреј Костовски за кои судот денеска донесе одлука да им биде продолжен притворот за дополнителни 30 дена.
Од ОЈО информираа дека за Ѓоргиевски, кој беше во бегство и поради тоа беше притворен подоцна од другите двајца осомничени, по истекот на определените 30 дена во текот на неделава, надлежниот јавен обвинител ќе достави предлог за продолжување на притворот до надлежниот суд.
„Истрагата е во тек и се преземаат сите дејствија за обезбедување докази. Првичниот извештај од Институтот за судска медицина пристигна. Во моментов, по барање на јавниот обвинител, Институтот врши и дополнителни анализи и вештачења. По комплетирањето на доказите, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“ – изјаиле од ОЈО за „Слободен печат“.
Ракометарот од Хрватска – Денис Тот (27) беше претепан до смрт пред скопската дискотека „Привилиџ“ во Градскиот парк на 7. април годинава.
Снимките од безбедносните камери покажаа дека тој брутално бил удиран од страна на тројцата осомничени за неговата смрт, по претходна вербална расправија.