Од направени 2.275 тестови, регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19 од кои најголем дел – 169 се од Скопје. Од вкупниот број позитивни регистрирани се 48 реинфекции.
Оздравеле 285 пациенти, а починале три лица, соопшти Министерството за здравство.
Во Битола регистрирани се 24 позитивни на Ковид-19, во Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по осум, Кичево – шест, Струмица и Гевгелија – по пет, Тетово – четири, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по три, Неготино, Виница и Богданци – по два, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по еден позитивен случај.
Од трите починати лица, едно е од Битола на 63 години, едно лице од Охрид на 85 години и едно од Крива Паланка на 76 години. Сите се починати во болнички услови. Кај сите три лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје активни на Ковид-19 се 1.132 пациенти