Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.046 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 79, Битола – 26, Прилеп и Охрид – по 7, Кавадарци, Велес и Кичево – по 4, Куманово – 3, Гостивар и Кочани – по 2, Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 28 реинфекции.
Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Битола – 10, Кавадарци и Охрид – по 4, Куманово и Гевгелија – по 3, Струмица – 2, Делчево – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (64 г и 85 г) и по едно починато лице од Прилеп (73 г) и Велес (58 г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2) и Тетово (1), на возраст од 78 години до 87 години.
Досега во земјата бројот на починати е 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381.