Повеќе медиуми почнувајќи од ТВ Алфа објавија нови информации дека Љупчо Палевски – Палчо имал план да избега во Минск.
Во продолжение ја пренесуваме оваа реконструкција за бегањето на Палевски:
30 ноември, ден четврток. Скопје е блокирано заради безбедноста на министрите на ОБСЕ, а контровезниот градежник првосомничен за две убиства Палчо ја напушта Македонија и влегува во соседна Србија, со намера да стигне до Минск и Белорусија. Го возел битолскиот адвокат Васко Стојков, наводно го носел на лекар. Така потврди адвокатот, а и МВР.
Неофицијално извори за Алфа откриваат дека Палчо имал план и авионска карта за Минск, метрополата на проруска Белорусија. Наместо на лекар, наводно авионската траса на Палчо е Белград Истанбул, Истанбул Минск.
Извор познат на редакцијата на ТВ Алфа:
Палчо имал карта за Минск, па наводното лекување Белград Истанбул всушност се аеродромите од каде тој треба да стигне до Минск. Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Ова го знаат и луѓето блиски до него.
За официјална потврда во колку часот и на кој граничен премин Палчо ја напушта земјава, од Министерството за внатрешни, молк. Велат истрагата е во тек и во нареден период нема да објавуваат никакви детали.
Палчо убива на 27-ми, а бега на 30 ти. Што прави 3 дена во Скопје? Според гласините кои се шират тој е проруски играч, а е поврзан и со домашните тајни служби. Иако нема никаква официјална потврда, сепак останува нејасно зошто убиецот не се дава веднаш во бегство туку после 3 дена. Уште посимтоматично е дали Палчо има некаква запштита и помош од тајните служби, домашни и странски, велат од Алфа.
Имено, за Палчо дури седум дена по убиството и три дена по првите приведувања беше издадена наредба за истрага за две кривични дела грабнување и убиство и меѓунаредна. Па оттука, не само до Белорусија, Палчо имал време да стигне и на друг континент.