Куче питбул териер денес во Нови Сад го нападна својот сопственик нанесувајќи му смртоносни повреди.
Брзата помош излегла на местото на настанот, но можела само да констатира смрт.
– Нашата екипа интервенираше по дојава дека куче питбул териер го нападнало сопственикот и му нанело смртоносни повреди. Медицинскиот тим интервенираше по прв приоритет, но можеле само да констатираат смрт на лице место на 56-годишен маж, изјави портпаролот на итната помош д-р Зоран Круљ.
Според медиумите телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот.
Претходно синот на починатиот повикал полиција и итната помош бидејќи не можел да влезе во станот.
Кучето било преземено од ЈП „Зоохигиена и ветерина“ и веќе е успиено, додека полицијата направи увид во станот.
Другите околности на нападот засега се непознати.