Во последните 24 часа се регистрирани нови 51 шумски пожар во Грција од кои поголем дел се изгаснати во почетната фаза, соопшти противпожарната слкужба во земјата. Грчките противпожарни екипи во моментот се борат со 96 пожари, пренесува „Катимерини“. Секаде каде што гори се дејствува од копно и воздух, онаму каде што огнот е под контрола, единиците се на готовс, бидејќи силниот ветар може да доведе до нивно ново разгорување.
На остворот Родос е укината вонредната состојба. Во соопштението на грчкото Министерство за туризам се наведува дека животот на островот полека се враќа во вообичаениот ритам, вклучувајќи ги и подрачјата кои беа зафатени од пожарите. Се уште е напнато во Ситонија, на Крф, на Евија и на други места каде огнот не е ставен под контрола.
Противпожарната служба наведува дека на островите моментно нема активни фронтови, туку само т.н. „џебови“ на повеќе локации на кои деноноќно се интервенира.
Метеоролозите предвидуваат дека ветрот наместо би можел да достигне брзина меѓу 50 и 60 километри на час што дополнително ја отежнува работата на пожарникари. По два дена нешто пониски температури, тие најавуваат нивно благо зголемување во централниот и јужниот дел на Грција.
Грција, како и другите земји во Медитеранот, минуваат низ топлотен бран кој на некои места донесе температури и до 46 степени целзиусови. Досега изгореа 50.000 хектари шума и загинаа пет луѓе. Поради пожарите беа спроеведени неколку акции за спасување, пришто само од Родос минатиот викенд беа евакуирани 20.000 луѓе.
Пожарите во Грција продуцираа и една оставка. Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Нотис Митаракис во чиј ресор е и полицијата, во петокот поднесе оставка, откако во јавноста се дозна дека заминал на одмор во екот наборбата со пожарите.